ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ПРАВНА АПТЕКА

Бесплатна правна поддршка за пациентите на болничка терапија.

Благодарение на Македонското здружение на млади правници, а со поддршка од Roche, отвораме начин на комуникација за сите пациенти на болничка терапија кои се соочуваат со потешкотии и имаат потреба од бесплатна правна поддршка.

За проектот

Да нема прекин на веќе препишана терапија, замена на лек, или пак листи на чекање за пациенти кои боледуваат од хронични болести и примаат терапија која се издава исклучиво на клиника.

Пациентите со хронични заболувања, како што се канцер, ретки болести, мултипла склероза, хемофилија се честопати финансиски и емотивно исцрпени и при првата правна препрека се откажуваат од оваа битка. Како компанија на глобално ниво, имаме силен фокус кон поддршка на активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите и придонесуваме за градење здравствен систем заснован на потребите на пациентите.

Маја Камбовска

Рош Македонија

Проектот е одлично креиран концепт кој е директно насочен кон пациентите, така што ќе имаат можност да се обраќаат кај правниците од Здружението на млади правници со конкретни прашања со цел да им се даде совет, состави барање, претставка, допис и истото да се поднесе каде што треба во услови кога им е прекината терапија или се ставени на листа на чекање, односно имаат проблем да добијат лек кој им е препишан.

Гоце Коцевски

Македонско здружение на млади правници

Ние сме во постојан контакт со пациентите и најдиректно се соживуваме со нивната болест, со нивното секојдневие и со проблемите со кои се соочуваат. Проблемите со достапноста на онколошката болничка терапија Борка редовно ги истакнува во дискусии со здравствените власти, но и пошироко во јавноста. Пациентите со рак на дојка често ни се обраќаат заради недостаток на лек кој им е препишан и мора редовно да го примаат, а за ваква тешка дијагноза прекин или замена на терапија може сериозно да се одрази на прогресот на болеста па дури и да има фатален исход. Дополнителен проблем е и тоа што најголем дел од лековите што овие пациенти ги примаат не се ни на позитивната листа.

Биба Додева

Здружение Борка

Контактирајте нè веднаш

Доколку се соочувате со проблем и ви е потребна бесплатна правна поддршка, чувствувајте се слободни да нè контактирате веднаш! Нашиот тим од правници го очекува Вашиот телефонски повик или e-mail.

+389 2 3220870

Block title

contact@myla.org.mk