Со поддршка на Рош Македонија пациентите со хронични болести ќе добијат правна поддршка во пристапот до болничка терапија

Да нема прекин на веќе препишана терапија, замена на лек, или пак листи на чекање за пациенти кои боледуваат од хронични болести и примаат терапија која се издава исклучиво на клиника, е целта на проектот „Правна поддршка за пациенти и здруженија на пациенти во пристапот до болничка терапија“. Во наредните шест месеци проектот ќе овозможи преку правна помош да им се помогне на пациентите со давање конкретни совети, информации, изработка на писмени барања до надлежните институции и слично.

Проектот ќе се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници а со поддршка на Рош Македонија.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на пациенти од малигни, ретки и други хронични болести кои се соочуваат со проблеми при пристапот до болничка терапија и нега, ќе им дава бесплатни правни информации и совети. Информациите и советите ќе се обезбедуваат преку телефон, е-пошта, социјални мрежи како и непосредно во просториите на МЗМП.

„Со цел да се зголеми информираноста на пациентите за нивните права и начините како да ги остварат и заштитат, МЗМП ќе организира информативни сесии за специфични правни прашања и проблеми со кои се соочуваат пациентите кои ќе бидат од отворен тип. Дополнително ќе бидат изработени и споделени информативни материјали за механизмите за заштита на правата на пациентите. МЗМП ќе работи и на зајакнување на капацитетите на здруженија на пациенти преку правна и менторска поддршка која ќе вклучува: помош при унапредување на внатрешната структура, обуки и работилници за права од здравствена заштита и здравствено осигурување како и помош при изработка на практични упатства, приспособени за посебните потреби на целната група на здружението и неговите членови кое ќе служи како ресурс на здружението при давањето информации и сервиси на пациентите кои имаат поддршка од правна поддршка“, објасни Гоце Коцевски, програмски директор во МЗМП.

Прочитајте повеќе на линкот.

ИзворМактел

Слични