База на често поставувани прашања во врска со проектот Правна Аптека
За кого е наменета бесплатната правна помош?
Пациенти болни од малигни неоплазми, ретки болести и други хронични болести за кои терапијата се прима исклучиво во болнички услови, семејства на пациентите и здруженија на пациенти можат да ги добијат услугите од проектот.
Колку време ќе трае проектот Правна Аптека?
Одговор: Проектот „Пристапот до болничка терапија е човеково право“ е проект кој започна во јуни 2022 година со ограничено времетраење од 6 месеци. Но многу набрзо прерасна во едногодишна иницијатива што ќе се спроведува заклучно со февруари 2024.
На кој начин можам да Ве контактирам?
Секој пациент, семејство на пациент или пациентско здружение може да се обрати на емаил contact@myla.org.mk или телефонски на +389 72 223 963.
Каква помош можам да добијам бесплатно?
Бесплатната правна помош која е опфатена со овој проект опфаќа информации, совети и помош при составување претставки за прашања поврзани со пристапот до терапија, за остварување на правата од здравствена заштита и здравствено осигурување.
Дали можам да побарам правна поддршка повеќе пати?
Можете повеќе пати да се обратите до нашите правници за се што се однесува за пристап до терапија, или информација и правен совет за начинот и постапката за остварување права од здравствена заштита и здравствено осигурување. Нашите правници остануваат во контакт со вас се додека не се добие повратен одговор од институциите или додека не се даде насока на случајот која води кон разрешување на проблемот.
Дали можам да добијам финансиска помош од проектот?
Финансиска помош со овој проект не е опфатена. Времето кое го одвојуваат правниците да го сослушаат вашето прашање, да го разгледаат проблемот и соодветно да ве информираат, советуваат или да состават преставка за прашања поврзани со пристап до терапија – вие го добивате сосема бесплатно, без да бидете подлоќени на финансиски трошоци.
Колку време трае процедурата откако ќе пријавам барање за правна поддршка?
Проектниот тим на правници веднаш ќе пристапи кон разгледување на вашето прашање и веднаш, или најдоцна во рок од 3 дена ќе ви се обрати со одговор, писмено или телефонски доколку е потребно дополнително да се утврдат некои околности кои се битни за правилно ваше информирање или советување.
Дали проектот опфаќа и други активности и кои се тие?
Да, покрај што сме тука да бидеме контактирана и достапни за правна помош, околу пристапот до болничка терапија, планирани се и инфо сесии за специфични правни прашања поврзани со остварувањето на правата од здравствена заштита и осигурување, социјална заштита и пензиско и инвалидско осигурување, како и отворени денови (Караван на правна аптека) во неколку општини низ Македонија, со цел да бидеме во подиректен контакт со лицата на кои што има е потребна информација и поддршка.
Дали може да ви се обратам како претставник на пациентско здружение и дали има соработка со пациентски здруженија?
Секако! Една од нашите цели е и вмрежување со пациентски здруженија и соработка со нив, како гласноговорници на пациентите. Покрај соработката со нив тука сме и да им излеземе во пресрет за прашања и предизвици кои се соочуваат во секојдневното функционирање на организацијата и во рамките на нашите можностите да ги зајакнеме нивните капацитети.